Подготвка на неколку идеи за вкусни домашни ражничи.
Подготовка:
Чекор 1: Пилешкото месо исечкајте го на коцки, не ставајте сол, замотајте го во сланина и веќе имате Дипломатски ражнич.
Чекор 2: Свинското месо зачинете го со оригано, лимон, сол и бибер. Комбинирајте ги ражничите од месо и зеленчук.
Чекор 3: Наредете ги на апаратот за гиро и ражничи и печете додека да бидат готови. Сервирајте со салата по желба и убаво лепче.
СОВЕТ: За подготовката на вкусни ражничи не се секогаш потребни одредени состојки. Доволна е креативност, остатоци од храна во фрижидерот и скара.