Видео рецепт: Торта со 4 вида чоколадо

Торта со четири чоколадни вкусови. Богата чоколадна кора, со кремасти чоколадни филови. А како само изгледа!

s

 

Подготовка

Чекор 1: На тивок оган стопете го чоколадото со путерот. Одделете ги белките од жолчките и матете ги посебно. Во изматените жолчки додадете ги цврсто изматените белки, потоа додадете ги стопеното чоколадо и путер, и на крај додадете го брашното. Измешајте со лажица и смесата ставете ја да се пече 15 минути на 180 степени.

Чекор 2: Маскарпоне сирењето изматете го убаво со шеќерот во прав. Посебно изматете ја слатката крем павлака. Спојте ги двете смеси и заедно убаво изматете ги да се соединат.

Чекор 3: Добиениот крем поделете го на 3 еднакви делови. Растопете ги чоколадите. Во едниот дел додадете 100 грама бело чоколадо, во вториот дел 50 грама бело и 50 грама црно чоколадо, а во третиот дел 130 грама црно чоколадо.

Чекор 4: Оладеното тесто филувајте го почнувајќи со најтемниот фил, па светло кафениот и на крај белиот фил. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер два часа, а потоа сервирајте.

СОВЕТ: Оваа торта не е многу комплексна за подготовка, но крајниот резултат ќе ве вивне на врвот од мајсторите готвачи во очите на вашите најблиски!

- Реклама -