Русите го обвинија францускиот претседател Емануел Макрон дека криел кокаин во возот за Киев.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави на Телеграм видео од францускиот претседател, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц во воз на пат кон Киев. Макрон крие непознат предмет од камерите. Захарова напиша под објавата дека судбината на Европа е одредена „во секоја смисла, од зависни привремени владетели“.
„Откако го убедија Зеленски во уште една пеколна интрига со цел да се спречи решавањето на конфликтот и да се продолжи крвопролевањето во Европа, како на шега – еден Французин, еден Англичанец и еден Германец се качија на возот и… се оддалечија. Очигледно толку многу што заборавија да ги тргнат реквизитите пред да пристигнат новинарите“, напиша Захарова.
Малиот бел предмет што францускиот претседател Емануел Макрон брзо го отстрани од своето биро пред новинарите не е наркотик, туку марамче, соопшти Елисејската палата.