Американскиот претседател Доналд Трамп, кој наскоро ќе наполни 80 години, беше снимен како накратко ги затвора очите за време на јавен настап во Белата куќа, додека се најавуваше договор со фармацевтската компанија „Регенерон“. Настанот се одржа во Овалната соба, каде покрај него присуствуваа министри и претставници на фармацевтската индустрија. На дел од снимките се гледа како Трамп, во текот на обраќањето, за момент ги затвора очите, по што повторно се буди и продолжува да го следи настанот.
Овие снимки предизвикаа широки реакции во јавноста и медиумите, особено поради фактот што Трамп во минатото често го критикуваше својот политички противник, поранешниот претседател Џо Бајден, користејќи го преименувањето „Sleepy Joe“. Ова не е прв пат вакви сцени да се појавуваат во јавноста. Според американските медиуми, слични моменти биле забележани и на претходни состаноци и конференции, вклучувајќи седница на кабинетот и прес-конференција во Мемфис.
Белата куќа во минатото ги отфрлаше ваквите интерпретации, истакнувајќи дека претседателот не спие, туку „накратко ги одмора очите“ или „внимателно слуша“. Самиот Трамп, пак, во интервјуа изјавувал дека краткото затворање на очите му помага да се опушти и фокусира. Случајот повторно ја отвори дебатата во американската јавност за неговата работна динамика и учество во јавните настапи.




