Фудбалерите на Реал Мадрид остварија важна победа на гостувањето кај Еспањол со резултат 2:0, во рамките на 34-то коло од Ла Лига.
Најголем придонес за овој триумф имаше Винисиус, кој постигна два гола во 55-та и 66-та минута.
Двата голови беа вистински израз на неговата класа. За првиот гол, со вештина ги надмудри двајца противници, а вториот беше вистински проектил што заврши зад грбот на голманот Марко Дмитровиќ.
Со оваа победа, Реал Мадрид ја одложи прославата на шампионскиот трофеј за Барселона, која во моментов има 11 бода предност, а до крајот на сезоната остануваат уште четири кола.
Во „Ел Класико“ на 10 мај, Барселона ќе има потреба од само еден бод за математички да ја обезбеди титулата.
Еспањол сè уште не е сигурен во опстанокот, со 39 бода на 13-то место, но не би требало да има поголеми проблеми, и покрај тоа што тимот немаше победа во 2026 година.
Фото/ EPA




