Видео: Водител му вели на премиерот – „Замолчи!“

Британскиот премиер Дејвид Камерон годтувал во телевизиска емисија на водителот Ендрју Мара. Премиерот говорејќи за девојчињата одведени во Нигерија, малку се занел и заборавил на времето. Затоа добил наредба каква што се слуша ретко.

На водителот од режија му јавиле дека мора да заврши емисијата, па тој се обидел да ја прекине дискусијата, но безуспешно. Камерон не престанувал.

„ Јас…јас…Премиеру замолчете. Навистина ми е жал, но истече времето“, вели водителот.

Британскиот премиер не се налутил, туку му се извинил на водителот што потрошил толку време. Британскиот јавен сервис додава дека Премиерот нема никаков приговор на емисијата.

- Реклама -