ВИДЕО|Копола смета дека „Мегалополис“ е поголем од обична филмска идеја


Познатиот американски режисер Френсис Форд Копола смета дека неговиот силно критикуван научно-фантастичен филм „Мегалополис“ на публиката ѝ нуди уникатна приказна, сосема поинаква од она на што тие се навикнати.

„Навикнати сме да гледаме филмови кои се како другите филмови затоа што се финансираат на тој начин“, изјави Копола за Reuters во интервјуто преку Zoom додека престојуваше на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што беше прикажан филмот.

„Тоа секогаш е нешто што веќе е докажано дека ле донесе пари. Како чипсот, за кој знаете дека создава навики, а ‘Мегаополис’ е нов“, додаде режисерот.

Дебитирајќи на овогодинешниот Филмски фестивал во Кан, филмот на Копола вреден 120 милиони долари ќе биде прикажан во американските кина во петокот. Филмот ќе го дистрибуира „Lionsgate“, но Копола ја задржа сопственоста на филмот.

Адам Драјвер го игра Цезар Катилина, архитект и научник кој сака да ја подобри измислената верзија на Њујорк наречена Нов Рим, каде доаѓа во конфликт со градоначалникот Френклин Цицеро, кој го игра Џанкарло Еспозито, кој повеќе ги цени авторитетот и институциите отколку промената.

Катилина се вљубува во ќерката на градоначалникот – Јулија, која ја игра Натали Емануел од „Игра на тронови“, која му помага да ја реализира својата визија и му ја буди моќта да го запре времето.

На прашањето дали филмот е алегорија за неговото животно патување како филмски режисер, 85-годишниот режисер рече: „Сите тие се мои филмови“.

„Кога бев млад и го снимав ‘Кум’, морав да бидам како Мајкл (Корлеоне), бидејќи немав моќ и морав да бидам многу макијавелист. Кога го снимав ‘Апокалипса сега’бев во апсурдна ситуација со хеликоптерите и милионите долари што ги плаќав секоја семица, па морав да станам мегаломан како (полковникот) Курц. Знаете, јас секогаш станував како ликовите во моите филмови само за да преживеам’, додаде.

Филмот доби низок рејтинг на критичарите од само 51 отсто на порталот Rotten Tomatoes, но Driver смета дека тоа е уникатно достигнување кое треба да се види повеќе од еднаш за целосно да се доживее.

- Реклама -