Видеолотаријата Касинос Австрија, како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, и оваа година ја поддржува кампањата за одговорно дарување, со цел да ја зголеми свесноста за ризиците од вклучување на лица под 18 години во игрите на среќа. Оваа иницијатива се организира од Националниот совет за проблеми со коцкање и Меѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње на Универзитетот Мек Гил.
Како одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија активно поттикнува кампањи за одговорно играње, со нагласок на превенција од прекумерното и проблематично играње. Наша цел е да образуваме играчите за опасностите од компулсивното играње. Во 2019 година, компанијата го создаде СОС тимот, прв од ваков вид во нашата земја, и ја воспостави СОС линијата за поддршка преку телефон и електронска комуникација. Овој тим, составен од психолози и психијатри, нуди советодавна и поддржувачка помош.
Во рамките на проектот „Играј одговорно“, на 11 ноември 2025 година, во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, се одржа предавање за да се подигне свесноста кај младите за ризиците од прекумерно играње игри на среќа. Слично предавање беше организирано и на 4 декември 2025 година за студентите на психологија на Славјанскиот универзитет во Битола.
Истражувањата потврдило дека изложеноста на игри на среќа во рана возраст може да ја зголеми веројатноста за развивање проблематична страст кон коцкање. Честопати, младите се изложени на коцкање преку подароци од возрасните, кои не се свесни за можните ризици. Лотариските производи не се соодветни подароци за деца и не треба да се користат како такви.
Преку учеството во кампањата „Премлади за игра“, Видеолотарија Касинос Австрија активно се ангажира во:
– едукација на заедницата за ризиците од коцкањето кај младите;
– промовирање на одговорни практики во игрите на среќа, особено во празничните периоди;
– поддршка на националните и меѓународните напори за превенција од проблематично коцкање.
Видеолотарија Касинос Австрија постојано истакнува дека право на учество во игрите на среќа имаат само лица над 18 години, во согласност со законските регулативи и принципите на одговорно приредување игри на среќа.




