Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа победа над Нотингем Форест со 3:2 во 37-то коло од Премиер лигата.
Со оваа победа, Јунајтед го закрепи третото место на крајот од сезоната, додека поразот не влијаеше на амбициите на гостите од Нотингем.
Домашниот состав поведе во петтата минута преку Шо, но гостите одговорија во 53-та минута со голот на Морато.
На „Олд Трафорд“, радоста повторно се јави во 55-та минута, а потоа и во 76-та, кога Куња и Мбуемо ја зголемија предноста на домашниот тим на +2. Бруно Фернандеш му подаде на Мбеумо за третиот гол.
Ова беше 20-та асистенција на капитенот Фернандеш оваа сезона, со што изедначи рекордот кој претходно го делеа Кевин де Брујне и Тиери Анри.
Сепак, во 78-та минута, Гибс-Вајт успеа да постигне втор гол за Нотингем, внесувајќи неизвесност во завршните моменти на натпреварот.
До крајот, немаше нови голови и Јунајтед си замина со заслужена победа, забележувајќи ја четвртата во последните пет натпревари.
Фото/ EPA




