Видиќ: Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ верува дека Кристијано Роналдо би можел повторно да го облече дресот на Црвените Ѓаволи.

Роналдо вечерва за прв пат ќе настапи на Олд Трафорд откако замина од Манчестер Јунајтед во 2009 година, Португалецот ќе биде голема закана за својот поранешен тим.

Немања Видиќ добро ги познава квалитетите, вели дека љубовта на Роналдо кон Јунајтед е огромна, и верува дека еден ден тој би можел повторно да го облече дресот на Црвените Ѓаволи.

„Би сакал да го видам Кристијано Роналдо повторно во Јунајтед, и мислам дека би можело тоа да се случи” – вели Немања Видиќ.

„Тој е фан на Јунајтед. И покрај тоа што не напушти, сеуште ги следи нашите натпревари, му недостасува клубот и атмосферата тука”.

Видиќ не мисли дека Роналдо е послаб фудбалер од Лео Меси.

„Тоа се двајца големи фудбалери, но во изминатите години Барселона освои повеќе трофеи и мислам дека затоа луѓето го тргаат Роналдо на страна”.

„Според начинот на кој игра, тој може да игра во Англија, може да шутира со левата, со десната нога, да скока, да игра со глава. Да дрибла, може да прави се”.

„Не велам дека Меси не може да го прави тоа, но на неговиот стил одговара играта на Барса”.

„Роналдо, секогаш кога ќе излезе на теренот сака да постигне гол. Таа глад ја има на секој натпревар”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -