Виљареал со триумфот над Лас Палмас скокна на третото место во Ла Лига


Во последниот натпревар од осмото коло на шпанското фудбалско првенство, Виљареал го победи Лас Палмас со 3:1 и се искачи на третото место на табелата.

„Жолтата подморница“ поведе во 45. минута со голот на Николас Пепе, израмни Фабио Силва во 47. минута.

Во 51. минута домашните можеа да дојдат до нова предност, но Алекс Баена не реализираше најстрога казна. Сепак, во 84. минута Тиерно Бери му донесе нова предност на Виљареал. Конечните 3:1 ги постави Баена во седмата минута од судиското надополнување и се искупи за промашениот пенал.

Виљарел со оваа победа скокна на третото место со 17 бодови, четири помалку од водечката Барселона и еден бод помалку од второпласираниот Реал Мадрид, а бод повеќе од четвртиот Атлетико Мадрид.

Лас Палмас остана на дното со само три бода.

- Реклама -