Погодувате ли во чија чест неговата новородена ќерка го добила ова име?
Актерот Вин Дизел беше исклучителен пријател и колега со трагично загинатиот Пол Вокер, а дефинитивно докажа дека го почитува нивното пријателство и после смртта на Вокер.
Имено, тој ја крсти својата ќерка Полин, продолжувајќи го споменот од името на легендата.
„Не постоеше друга личност на која што мислев во моментот кога ја пресеков папочната врвка на мојата ќерка. Знаев дека е таму и го чувствував тоа, а ова беше начин како да го зачувам споменот за него“, изјави Дизел по повод овој прекрасен гест.