Разбудете се и помирисајте го виртуелното кафе

Живееме во свет на виртуелни миленици, виртуелна реалност и многу други виртуелни варијанти на физичките предмени и суштества. Но што ќе кажете за виртуелно кафе? Да, точно прочитавте, навистина тоа постои.

На изложбата Wired 2013 која деновиве се одржува во Лондон, Дејвид Едвардс, професор на факултетот по биомедицинско инжинерство на Хардвард и создавач на компанијата Le Labatoire, ни претстави мал дел од иднината на кофеинските пијалоци.

1

Le Laboratoire е центар за дизајн и уметност во Парис, каде се прават експериметни во стилот “по границите на науката„, се наоѓа еден кафе-бар каде се служи виртуелно кафе. Тоа претставува уред кои се основа на сензори и кој ви дава само да го помирисате кафето, но не и да го пробате.

Помеѓу многуте експерименти во центарот, се наоѓа и уредот наречен ‘the OPHONE, кој всушност претставува мал Bluetooth уреди кој емитува мирис на база на пораки испратени од вашиот мобилен телефон.

2

Основата негова идеја е ако сакате да му испратите на вашиот пријател едно капучино тоа можете да го направите ако испратите една порака до оној ваш пријател кој има OPHONE уред и кој веднаш откако ќе го извади уредот од кутијата тој ќе емитува прекрасен мирис на капучино. Интересно нели?

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -