Британските научници направија кацига за виртуелна реалност што ја доловува глетката, миризбата, звуците, дури и вкусовите на далечните дестинации. Направата ќе им овозможи на своите корисници да доживеат сафари од удобноста на домот, да помирисаат цвеќе што расте на Алпите или да ја почувствуваат топлината на Карипското сонце на нивното лице.
Британските научници направија кацига за виртуелна реалност што ја
доловува глетката, миризбата, звуците, дури и вкусовите на далечните
дестинации. Направата ќе им овозможи на своите корисници да доживеат
сафари од удобноста на домот, да помирисаат цвеќе што расте на Алпите
или да ја почувствуваат топлината на Карипското сонце на нивното лице.
Научниците објаснуваат дека со помош на ваквата виртуелна реалност луѓето ќе можат да се среќаваат со нивните пријатели и роднини кои се на другата страна на светот со чувство како да се во нивната соба, студентите ќе можат да искусат „од прва рака“ каков бил животот во античкиот Египет, Рим или Грција. Со помош на оваа кацига која ја нарекоа Virtual Cocoon сетилата ќе бидат стимулирани на толку убедлив начин што научниците сковаа нов термин за да го опишат ваквото доживување – Реална виртуелност.
Прототипот на оваа кацига се поврзува безжично со компјутер кој ги пренесува информациите за виртуелниот свет или друг дел од реалниот свет, опремен е со монитор кој продуцира слики десет пати потемни или 30 пати појасни од конвенционалниот телевизор, цевка поврзана со кутија со хемикалии испушта мириси под носот на корисникот, а слична направа овозможува да се чувствуваат вкусовите директно во устата. Топлината и влажноста исто така може да се одредат, додека сараунд звучниците ги рекреираат амбиенталните звуци. Според професорот Ален Челмерс, Virtual Cocoon би требало да излезе на пазарот за пет години.