Вирусите за мобилен се вон контрола

Според извештаите на антивирусните програми направен од Mobile Threat Center бројот на вируси проширени преку мобилните телефони и таблети се зголемил за неверојатни 614 % во однос на минатата година.

Како и секогаш продолжуваат критиките кон Android дека е најранливата платформа полна со вируси и штетен софтвер.

37176

Во извештајот на Mobile Threat Center стои дека постојат над 250.000 илјади вирусни апликации со софтвер кој може да му наштети на вашиот уред. Корисниците на Android се најпогодени и бележат учество од 92 % од сите загрозени смартфони.

Мета на овие штетни апликации се најчесто плаќањата преку мобилен и испраќање на СМС пораки без ваше знаење. Исто така голем дел од нив се наменети за крадење на податоци од вашиот мобилен, затоа внимавајте што симнувате и задолжително инсталирајте антивирусна програма.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk

- Реклама -