Високиот комесар на ОН за човекови права: Има знаци за воено злосторство во војната во Газа

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, гледа знаци на воени злосторства, а можеби и злосторства против човештвото во војната во Газа, јави ДПА.

Турк го наведува нападот врз Израел на 7 октомври, вклучително и неселективно пукање врз Израел, како и воената акција против цивилни објекти.

Тој за ДПА од Женева изјави „ако погледнете како реагираше Израел на нападот од 7 октомври, имам голема загриженост за почитувањето и на човековите права и на меѓународното хуманитарно право“.

Тој додаде дека 70 отсто од оние кои ги чувствуваат последиците  од силните израелски бомбардирања се жени и малолетници.

-Може да се претпостави дека повеќето од повредените се цивили, изјави Австриецот за ДПАи додаде дека „натамошното колективното казнување на Палестинците е воено злосторство“.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Турк кажа и дека постојат индиции дека можеби биле извршени злосторства против човештвото.

-Со оглед на непропорционалните и многу тешки бомбардирања, во комбинација со недостатокот на ефикасна хуманитарна помош, постојат сериозни грижи што треба да се испитаат подетално, рече тој.

- Реклама -