Suzuki Motor Corporation доби награда од Јапонската асоцијација за промоција на машинска индустрија (Japan Society for the Promotion of Machine Industry), чија задача е да стимулира корпорации, универзитети и институти, чии истражување даваат придонесе за развојот на машинството.
На овогодинешното 13-то по ред издание на доделување на наградите, инженерите на јапонскиот производител на автомобили беа наградени со наградата за „Развој на автоматизиран рачен менувач со зголемена ефикасност и подобрен менаџмент“, односно за создавање на Suzuki Auto Gear Shift (AGS). Овој целосно новоразвиен менувач, кој ги комбинира предностите на рачниот и автоматски менувач, се појави за прв пат кај моделот Suzuki Celerio развиен специјално за пазарите надвор од Јапонија и претставен во Европа во пролетта 2015 година.
AGS е лесен за управување и придонесува за подобра економичност, односно потрошувачка на горивото благодарение на електро-хидрауличниот механизам кој автоматски ја активира спојката и ги префрла брзините на конвенционалниот пет-брзински мануелен менувач.
„AGS е дело целиот тим од инженери и за нас е чест дека нашите секојдневни напори добиваат високо признание и реално придонеле за развојот на технологијата“, вели Хидеки Комада од Suzuki Motor Corporation.