Вистината на 16 годишниот рапер Деан Јованов

Деан Јованов има 16 години и доаѓа од Демир Капија. Иако млад тој започна да се отстварува како вистински љубител на рапот преку  текстовите кои ги пишува за својот живот и целото општество.

Почна со само еден кавер за песната на Слаткар „Да Полетам”, но досега има снимано неколку песни. Неговата рап музика е одлично прифатена од голем број на луѓе, всушност тоа го држи и му дава надеж за понатаму да твори, без сомнение неговата нова песна “Вистина” исполнува еден реален текст во кој многумина ќе се пронајдат и ќе сфатат многу работи. Битот е на Jodix,а целата песна е снимана во Silver Mind Production. Во продолжение, неговата нова песна, преслушајте ја.

- Реклама -