Вака секое дете ја замислува да изгледа количката што ќе ја направи од коцки – да вози, и тоа на воздух.
Super Awesome Micro Project, како што е наречена, е изградена од повеќе од пола милион LEGO коцки. Наводно, достигнува брзина од 20-30 километри на час, а моторот, кој работи стриктно на воздушен притисок има 256 LEGO клипови.
Автомобилот е дело на Стив Самартино (претприемач) и Раул Оаида (гениј за технологија), по брза и успешна донација од Twitter следбениците. Тие побарале 20 пакети LEGO, но твитерџиите донирале дупло повеќе, што може да се заклучи со само еден поглед на „златните“ бандажи.
Деловите од автомобилот што носат најмногу товар се зајакнати со не-LEGO делови, но сето останато е направено чисто од коцки и детска желба и визија.