Вистинскиот вселенски рекордер: Валериј Полјаков

Polyakov-640x545[1]
Валериј Полјаков го пречекува спејс-шатлот Discovery додека се приближува на вселенската станица Мир, во 1995 година.

Кога астронаутите Скот Кели и Михаил Корниенко минатата недела се вратија по 340-дневниот престој во вселената, покажаа многу малку надворешни знаци на замор. Уште повеќе што ја имаа честа и задоволството да поминат речиси цела година во напорна работа на Меѓународната Вселенска Станица, која заедно со таа на стотиците научници на Земјата, несомнено ќе ни помогне да го унапредиме нашето знаење за тоа каков е ефектот од долгиот вселенски престој по човечкото здравје.

Сепак, да се нарекуваат Кели и Корниенко „пионери“ во вистинската смисла на зборот, како некои што патувале во непознатото, е неправда кон Руските космонаути кои направија многу повеќе уште пред две декади, во многу потесни, позбиени и понеудобни услови на вселенската станица „Мир“.

Пред оваа 1-годишна мисија на НАСА, дури четворица руски космонаути имаа поминато година или повеќе во вселената, почнувајќи со Владимир Титов и Муса Манаров во 1987-та. Руските и казахстанските официјални лица не се воздржаа да ги потсетат Кели И Корниенко на овој факт, кога слетаа некаде во пустелијата во Казахстан. Во Џезказган ги пречека поранешниот космонаут Талгат Мусабајев, моментално на чело на Казахстанската вселенска агенција (KazCosmos). Тој ги поздрави со зборовите: „Честитки на вашето постигнување. Се разбира, веќе беше направено пред 28 години“. Ова не беше баш таков пречек како што им доликува на херои, но Русија со право е горда на своето вселенско наследство, особено кога станува збор за издржливоста. Сепак, и покрај тоа што двата подолги престоја во вселенската станица од по 6 месеци, заедно со овој сега од повеќе од 11 месеци, го прават Скот Кели апсолутен американски рекордер, тој се рангира дури 17-ти на листата на астронаути и космонаути со најдолго вкупно време поминато во вселената.

Листа на астронаути со најдолго вкупно време поминато во вселената.
Листа на астронаути со најдолго вкупно време поминато во вселената.

А Русите и тоа како издржуваа. Пред Русија и САД да ги здружат силите во изградбата на Меѓународната Вселенска Станица, Русите ја имаа „Мир“, која беше во функција од 1986 до 2001 година. Мир беше помала, многу помалку добро-одржувана и имаше многу помалку удобности од поголемата ISS (МВС). И без тоа, никој нема остварено подолг еднократен лет од Валериј Полјаков, кој на Мир живееше цели 438 дена, во 1994 и 1995 година.

Пред да слета, Кели беше запрашан дали би можел да остане уште 100 дена, како што тоа го направи Полјаков на Мир. „Мислам дека искуството на оваа вселенска станица е малку поинакво “, одговори Кели. „Имаме подобра конекција со луѓето на земјата, а околината е малку поудобна. Навистина го почитувам тоа што тој го стори во тоа време, очигледно. Но, да, можам да издржам уште 100 дена. Би можел и уште една година, ако морав“.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Мир беше далеку од уредната атмосфера на ISS. Ако опремата беше постара или поподложна на дефекти, космонаутите и астронаутите имаа повеќе слобода. Можеа послободно да пијат, вклучувајќи и алкохол како водка или коњак, а имаше и палење на понекое цигарче. Космонаутите беа многу позафатени со поправки и одржување на објектот, па имаше помалку време за наука.

Но, тоа не ги спречи Русите да направат некои револуционерни истражувања. Никој нема повеќе направено од Полјаков, физичарот кој специјализираше во полето на здравјето на астронаутите. Тој волонтираше за неговата долга мисија бидејќи сакаше да ги проучува ефектите од долгиот вселенски престој врз човечкото тело, од прва рака. Додека беше во вселената, тој се подложи на цела низа на медицински и психолошки тестови, макар што не беа толку детални и ја немаа технолошката предност на модерната медицинска наука со која располагаше НАСА и мисијата на Кели.

Веројатно најинтересниот научен резултат од 438-те дена на Полјаков беше неговата ментална состојба. Беше прегледан/испитан 29 пати за време на мисијата, со разни ментални задачи, од граматичко резонирање до проценки на расположението. По споредбата на состојбата пред, за време, и по летањето, се покажа дека нема никакво когнитивно нарушување во менталното здравје на Валериј. Единствените црни дамки беа двата изразити периода на мрачно расположение и чувство на премореност од работа, но тие се регистирани за време на првите три недели во вселената и потоа првите две недели по враќањето од вселената. Според авторите на студијата во журналот Ergonomics, кои го проценуваа перформансот на Полјаков, тој покажал „импресивна стабилност на расположението и перформансите во периодот од вториот до четиринаесетиот месец во вселената, кога расположението му се вратило на истото ниво како и општото ниво пред мисијата“.

На кратко, ова значи дека по периодот на прилагодување, Полјаков брзо се адаптирал на вселената: неговите рутини, работата и отсуството на гравитација станале новата норма. Овие резултати се добри вести за човештвото: ако некогаш успееме да сковаме вселенска полиса што ќе не прати на легитимно патување кон Марс, можеме да сметаме на астронаутите од калибарот на Полјаков и Кели и да бидеме сигурни дека нивната ментална и физичка стабилност ќе го издржат товарот на истото.

PUB 1 3-23-95 A a24 color as b/w [ARKALYK,KAZAKHSTAN,22MAR95 - Russian cosmonaut Valeri Polyakov toasts with a cup of hot tea as he sits in an arm chair after being taken out of the TM-20 landing unit which landed at 0400 GMT in the northeast of Arkalyk, in Kazakhstan March 22. Polyakov, 52, broke the edurance record of one year in space when he spent his 366th day in orbit on January 9. as/str REUTER :END CAPTION****** Caption By ASiREUTERS MOS07 MOS07 COSMONAUT VALERI POLYAKOV TOASTS STR 0 MOS07 COSMONAUT VALERI POLYAKOV TOASTS $ ]

А Полјаков, тој беше спремен да застане на нозе уште веднаш по слетувањето (во пролетта 1995 година). Наместо да биде пренесуван на столица, како што е обичајот, тој одеше. Воопшто не е лошо како за 15 месеци поминати во вселената.

- Реклама -