Бајките се воодушевувачки, волшебни, инспиративни. Тие градат кај нас одредени сфаќања и очекувања.
Дури и кога стануваме возрасни, често ги спомнуваме нивните пораки. Некои приказни се базирани на легенди, рефлексивна културна реалност на земјата во која што се појавиле. Вистинските приказни зад другите сепак се сурови, исполнети со насилство, крвопролевање и тортура. Погледнете што се крие зад вашата омилена приказна од детството.
Снежана и седумте џуџиња
Сказната е базирана на трагичниот живот на Маргарет фон Валдек, баварска благородничка, живеела во XVI век. Нејзиниот брат користел мали деца како работници во рудникот. Поради тешката работа некои од нив стекнале посебни потреби и не се развиле физички добро, поради што ги нарекувале „џуџиња“. За да ја задоволат гладта, децата краделе јаболка од дрвјата на еден земјоделец кој пак како одмазда некогаш го полевал овошјето со отров – оттука настанал и моментот со отровната јаболка.
Маќеата на Маргарет ја мразела и ја испратила во кралскиот двор во Брисел, за да се ослободи од неа. Таму младата жена станала љубовница на шпанскиот принц Филип II. Татко му, кралот на Шпанија, сепак не ја одобрувал врската и заповедал Маргарет да биде отруена. Така и се случило.
Златокосата принцеза, Рапунзел
Основата на Рапунзел се крие во една приказна од III век по новата ера. Селски трговец од Мала Азија ја обожавал ќерка си, а поради тоа забранил таа да има додворувачи. Кога патувал, ја заклучувал во кулата на домот. Нема извори за тоа како косата станала важна во целата приказна. Се знае, сепак, дека девојката го прифатила христијанството и започнала да вреска од молитви, кои се слушнале низ половина град. Кога дознал за тоа, нејзиниот татко ја исправил пред локалниот пагански совет. Тие инсистирале тој да ја обезглави својата ќерка, ако таа не се откаже од новата религија, а протоа и му се заканиле дека во спротивно ќе го одземат целиот негов имот. Таткото се согласил и главата на девојката била отсечена.
Пепелашка
Русокосата и светлокожа убавица била Гркинка. Кога била мала, трговците на робови ја притвориле ја продале во Египет. Таму „Пепелашка“ работела со години. Нејзиниот необичен изглед, бил нешто невидено и величествено за овие места и затоа заработил бројни обожаватели. Самиот господар толку многу ја сакал, што и подарил пар златни чевли. За неа чул дури фараонот Јахмос II. Инсистирал таа да стане една од неговите жени. Гркинката имала познати церемонијални овластувања, но нејзината главна обврска била да го задоволува сексуално владетелот. Дали новиот статус и ја донел вечната среќа? Тешко.