Вистинските значења на секојдневните зборови, во пракса

2785d36c409c8ec7ec033b0652efbfcb6cbf3[1]

Некогаш работите ги сфаќаме премногу сериозно и буквално. За да разбиеме монотонија, издвојуваме неколку преносни значења на пар секојдневни изрази и реченици.

Доверба: Кога на жена ти ќе ѝ се појавиш ненајавен и прерано вратен од службен пат

Мортадела: Елегантно пополнета дама во претесни мрежасти хулахопки

Неискусна шалтеруша: Шалтерска работничка што ти помага да ги набавиш документите кои ти фалат

Духовно воздигнат: Стадиум на алкохоличарот во кој сите кои ќе поминат крај него се крстат

Кога магарињата ќе стивнат: Екранизација на предизборна тишина

Џакузи: Справа која најдобро се продава меѓу тие пораснати со полско ве-це

Правда: Судска одлука во твоја корист

Општина: Установа во која има само погрешни шалтери

Носач на звук: Физички работник кој при селидба секогаш го носи клавирот

Флаширана вода: Напреден и технолошки усовршен метод на продавање магла, преку менување на агрегатната состојба на истата

Нечесен пронаоѓач (на паричник): За разлика од чесниот, на овој секогаш му следува награда

Факс машина: Студент што ги положува сите испити во предвидениот рок

Плата: Парична сума што ја добиваш после 24-месечна работа кај приватник (а и пошироко)

Устоличување: Да удриш некого со столица

Апсолвент: Лице кое без да го отвори може да го најде својот индекс меѓу стотина други

Оптимист: Лице кое има тенденција сите свои потонати бродови да ги нарекува подморници

Џентлменски автомобил: Обично постар автомобил, чија совозачка врата не може да се отвори од внатрешната страна

Медицински феномен: Пациент кој не знае дека на докторот обавезно му се носи поклон

Платено отсуство: Кога цимерот ќе ти даде некој денар за да излезеш, зашто ќе му дојде девојката

Американски сон: Општа појава при која луѓето работат цел живот по цел ден за да отплатат преголема куќа која ја користат само за преспивање

Сушен врат: Женски стил на пливање при кој ништо над рамењата не смее да допре вода и фризурата не смее да се растури

Прв секс: Кога ќе завршиш прво одделение со сите петки, а не ти го купуваат ветеното како награда

Дурекс: Лек против подуеност во стомакот

Жена: Човечко суштество што сака да се фати со маж со став, за после да може да му го прилагодува

Маж: Инфантилно животно што може да се одвикне од млеко, ама не и од цицки

Биолошки часовник: Кога ќе покаже полноќ, принцезата се претвора во тиква

Афтерпарти: Кога студентите ќе останат после колоквиум за да ги проверат решенијата

Клупа за резервни играчи: Клупа на гробишта, која е главно окупирана од баби за време на Задушница

Цркавец: Купче пари со кое не можете да преживеете, ама не ви ни допушта да умрете од глад

Крај на светот: Настан кој традиционално се одржува на секои 3-4 години (по најново, на секои 1-2)

Питагорова теорема: Се користи во недвижности: Квадратот во центар е збир од два квадрата на периферијата

Сексуално ослободен: Човек чија жена секогаш сака да е горе

Стан со мирис на стари лица: Триесет години страв од промаја

Погреб: Конечен триумф на гравитацијата

- Реклама -