Витез крстосува низ Канада

Еден човек од Квебек патува низ Канада како витез, промовирајќи кавалерство. Тој стигнал до Саскачеван и вели дека се чувствува доста удобно патувајќи низ прериите.

Дваесет и две годишниот Винсент Габриел Кируак бил во провинцијата од средината на јуни, минувајќи низ јужниот дел на Саскачеван по Автопат 13. „До сега е доста добро. Уште од почетокот никогаш не спиев надвор. Луѓето во Канада се доста добри домаќини.“

„Размислувам да се преселам во Саскачеван по сево ова.“ Тој објаснил дека наоѓање на место за престој било многу лесно, едноставно требало да влезе во фарма и да тропне на вратата. „Прашувам дали може да преспијам и секогаш добивав позитивен одговор.“ Тој додал дека разговорот секогаш почнувал со збунет поглед од домаќинот.

Тој вели дека се претставува себеси прашувајќи дали луѓето чуле за неговиот проект. Повеќето не чуле, по што тој објаснува дека неговата цел е подигање на свеста за интегритет, љубезност и почит кон луѓето. „Тие се само збунети и изненадени што гледаат вакво нешто.“

Прочитајте и:  По најавата за царини, Канада го потсети Трамп дека земјата има „суштинска улога во снабдување на САД со енергетски ресурси“

Тој верува дека е можно луѓето да се однесуваат љубезно, дури и во хаотични времиња. Кируак инсистира дека сериозно ја сфатил својата улога. „Јас сум витез. Се обидувам да бидам симбол за нешто што не може да биде корумпирано и никогаш да не ја напуштам мојата должност, да бидам витез и да бидам пример.“

Тој вели дека се надева луѓето кои ќе ја чујат неговата порака ќе прифатат дел од неговите идеи во нивните животи. „Се е прашање на љубов“ додал тој. Тој вели дека ќе патува до Калгари каде што ќе ја качи својата кобила за патувањето преку Карпестите Планини. Тој дознал дека животни не се дозволени на автопатот низ планините поради безбедност. [Quebec knight riding across Canada for valour]

- Реклама -