Виц: Автомобил според хороскопот

Иако комична и во однос на автомобилите, оваа шега одлично опишува некои особини на хороскопските знаци. Погледнете…

Овен: Нешто брзо … И црвено!

Бик: Волво.

Близнаци: Автомобил? Сигурно сакаш да кажеш два.

Рак: Семејна кола.

Лав: Лимузина … Со возачот.

Девица: Економичен автомобил. Девицата ќе ја одржува чиста и уредна.

Вага: Нема да успее да реши и на крајот ќе се вози кај своите пријатели.

Шкорпија: Нешто црно … Со затемнети прозорци. Никој нема да знае како изгледа одвнатре.

Стрелец: Што автомобил? Ќе си купам авион.

Јарец: Мерцедес-Бенц.

Водолија: Се вози само со автобуси и метро. Автомобилите се за снобови.

Риби: Не е важно. Рибите секогаш забораваат каде се паркирани.

- Реклама -