Виц: Криенка

Се враќа Мујо дома од работа порано, оди во спалната соба и ја гледа Фата гола во кревет, испотена и диши длабоко. Му станало чудно и ја прашал:

– Што е работа Фата? Што се случува?

– Срце Мујо, гушни ме, инфаркт, инфаркт!

Го фатила Мујо паника и почнал да трча низ куќата да вика брза помош. Го сретнал мали Мујо и тој му рекол:

– Тато, тато ене го! Чичо се крие во плакар.

Го отворил Мујо плакарот и го гледа Хасо и му вика:

– Будало една! Фата ќе добие инфаркт, а ти криенка со детето си играш!

- Реклама -