Вкусна, кремава и лесна салата со јогурт која веднаш ќе сакате да ја вкусите. Ова е рецептот за новото вкусно уживање.
СОСТОЈКИ:
500 гр. макарони
150 гр. кашкавал
200 гр. шунка Пекабеско
2-3 варени моркови
15 кисели краставички
1 црвена пиперка
1,5 литри јогурт
200 гр. мајонез
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се варат тестенините во солена вода, потоа се мијат со ладна вода, па се оставаат на страна.
Кашкавалот, шунката и морковите заедно со киселите краставички и пиперката ситно се сечат, па се додаваат и оладените макарони.
Се додава јогуртот со мајонез и се меша смесата да се соедини.
Ако е салатата сува за ваш вкус, слободно додадете уште јогурт.
Може да ја декорирате со магдонос, оладете пред служење.