Вкусни домашни лазањи

Ретко кој не ги обожава.

Италијанското височество – лазањите!

Потребни состојки:

250 гр. тесто за лазањи

50 гр. димена сланина

3 глави кромид

375 гр. мешано мелено месо

1 лажичка мајчина душица и босилек

500 гр. зелени домати

1 помала конзерва пире од домати

125 гр. бело вино

1 лажица путер или маргарин

125 гр. свежи шампињони

2 рамни лажици брашно

12 гр. слатка павлака

1  свеж магдонос

75 гр. рендан кашкавал

сол

бибер
Подготовка:

Тестото варете го седум минути и прелијте го со ладна вода. Потоа исцедете.

Запржете  ја сланината на коцки и динстајте ја со две третини од исечканиот кромид. На тоа додадете го меленото месо и пропржете  со две третини од исечканиот кромид. Додадете ги зачините.

Доматите за момент спуштете ги во врела вода и излупете им ја лушпата. на месото додадете му го виното и динстајте го уште 5 минути.

Остатокот од кромидот запржете  го на масло. Додадете ги шампињоните и динстајте ги уште три минути. Посипете ги со брашното, додадете ја павлаката, посолете ги и забиберете ги. Пржете ги уште 3 минути.

Со постојано мешање додадете ги доматите и магдоносот.

Дел од свареното тесто ставете го во тава, врз него додадете го меленото месо и околу 50 гр. кашкавал. Остатокот од тестото ставете го врз мраз месото, врз тоа ставете ги шампињоните, остатокот од ренданото сирење и сето тоа печете го 35 минути во загреана рерна на 180 степени.

Уживајте 🙂

- Реклама -