Вкусно, ситно и поздраво: Рецепт за помфрит во рерна

Речиси сите го сакаме вкусот на крцкавите пржени компири, но речиси сите ги знаеме и негативните последици што пржената храна ги има врз човековото здравје.

Затоа, денеска ве учиме како да подготвите вкусен помфрит, подготвен во рерна.

Состојки:

1 кг. компир

2 лажици маслиново масло

малку сол

малку вегета, бибер, оригано и ситен сув босилок ( по желба).

Подготовка:

1. Излупете ги компирите и исецкајте ги како за помфрит. Посолете, премачкајте ги со маслиново масло и ставете ги зачините. Наредете ги во тепсија врз хартија за печење, промешајте и ставете ги да се печат.

1

2. Печете на 220 степени, 30 минути за да добиете убава и крцкава кора.

Прочитајте и:  „Мрачната тајна“ на познатиот помфрит од Мекдоналдс: Кога ќе слушнете во што се пржи ќе разберете зошто има таков вкус

2

Наздравје.

- Реклама -