Влада: Утврдена кризна состојба со јавниот превоз, Град Скопје ќе добие на заем дел од државните нафтени резерви

„Денес, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај“, информираат од владата.

Владата на денешната вонредна седница на која расправала за недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, донела одлука да се вклучи во решавање на проблемот. Како што информираат оттаму, донесена е одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Со ова, додаваат од Владата, се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.

„Денес, меѓудругото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настаната потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај“,

информираат од владата.

Претходно од Бирото за јавни набавки информираа дека управната контрола увидела дека ЈСП – Скопје избрало неприфатлива понуда за најповолна при набавката на горивото еуродизел. Оттаму посочија дека понудата, која била и единствена поднесена во постапката, не исполнува услов што самиот ЈСП го навел во тендерската документација.

По ова, од Јавното обвинителство соопштија дека се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

Имам слободни места во возилото, можам да ве пренесам – граѓаните на социјалните мрежи се организараат да стигнат до работните места

Училиштата ќе имаат редовна настава без оглед на ситуацијата со редуцираниот автобуски превоз, а учениците треба да дојдат на часови. 

Нема промени во наставата и покрај редуцираниот автобуски превоз: Учениците да си дојдат на часови, велат директори на скопски средни училишта

Од синдикатите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, во изјави за медиумите вчера информираа дека во Скопје сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда и во Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.   

Јавниот градски превоз во Скопје колабира – нема гориво за автобусите

Денеска во 18 часот Советот на Град Скопје ќе одржи итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз. Седницата ја свика претседателот на Советот, Трајко Славески.

Славески свика итна седница на Советот на Град Скопје поради кризата со јавниот превоз

- Реклама -