Влада за МИА: Да не се злоупотребува Гоце Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било дома или надвор од границите

„Собранието веќе усвои резолуција за утврдување на државните позиции во преговорите со Бугарија. Гоце Делчев воопшто не е предмет на преговори и Владата смета дека е непотребно донесување ваква декларација“, е ставот на Владата за МИА во однос на декларацијата за Гоце Делчев што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе минатата седмица во Парламентот.

„Многу е важно сите политички и општествени чинители да се воздржат од дневно-политичко поентирање и профитирање врз грбот, ликот и делото на нашиот великан Делчев. Апелираме Делчев да го чествуваме и славиме одговорно и достоинствено. Не смее да се злоупотребува големиот Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било да е тоа дома или пак надвор од нашите граници. Имаме обврска да сме внимателни, посветени и достоинствени во јавните комуникации кога е Делчев во прашање бидејќи тој токму тоа најмногу го заслужува“, посочуваат од Владата за МИА.

Прочитајте и:  Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Оттаму наведуваат оти е отворена поканата до опозицијата да се вклучи на конструктивен начин во процесите кои се од врвен интерес за евроинтеграциската иднина на Северна Македонија.

„Сметаме дека вистинскиот пат кон решение на отворените прашања е преку интензивирање на дијалогот на работните групи од двете земји, релаксирање на односите и фокус на развојот на односите во сите сфери. Резултатите, за кратко време, се веќе видливи“, истакнуваат од Владата.

МИА

- Реклама -