Влада: Задолжителни ПЦР тестови за патниците од Косово, останува забраната за свадби и прослави

На денешната 82-ра владина седница, Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести според која сите патници со косовско државјанство кои транзитираат низ земјава, при влез во истата ќе мора да прикажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Во насока на спречување на ширењето на коронавирусот, на денешната седница Владата го прифатила и мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштевки и слично).

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан
- Реклама -