Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик.
Документите можат да се преземат на следните линкови:
• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик
Објавувањето на предлогот, како што велат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста.
„Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите“, велат од Владата.
Од „Илинденска“ бр. 2 додаваат и дека Владата „ќе продолжи со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата“.