Владата го претстави логото за 30-годишнината од независноста на државата

Портпаролите на Владата – Душко Арсовски и Муамет Хоџа, денеска на прес-конференција го презентираа логото кое ќе се користи по повод јубилејната 30-годишнина од независноста на државата.

Како што истакнаа тие, дизајнот на логото е инспириран „од македонската државност, од Денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес, нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој“.

„На традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност“, велат од Владата.

Прочитајте и:  Меџити: Владата повторно ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП Скопје доколку не успее тендерот за нафта

Како што додаваат оттаму, логото ќе се користи на сите јавни настани на државните институции по повод јубилејот од независноста во претстојниот период, а ќе им биде и достапно на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на сеопфатната програма за одбележување на овој наш исклучително значаен настан.

- Реклама -