Владата го зголеми максималниот лимит на повратот од ДДВ

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии. Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

Како што соопштија од Владата, се планира највисокиот износ што може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.

Сега, овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје
- Реклама -