Владата ќе ѝ понуди помош на Франција за реставрацијата на Нотр Дам

Од средбата на премиерот Заев и францускиот претседател Емануел Макрон лани во мај, во очи на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија

На денешната 130. владина седница, Владата на РСМ го задолжи Министерството за надворешни работи да стапи во контакт со француското МНР, со цел координација околу помошта за реставрацијата на катедралата Нотр Дам.

Целта на координацијата ќе биде да се утврди најсоодветната поддршка што Република Северна Македонија може да ѝ ја пружи на Франција во знак на солидарност, но и за обнова на „овој грандиозен споменик од цивилизациско значење“, велат од Владата.

- Реклама -