Во Владата на РМ има неколку испразнети министерски позиции, како и пратеници кои поднесоа оставки до Собранието на РМ.
Министерот без ресор Самка Ибраимовски вчера поднесе оставка и останува само на позицијата пратеник, додека пак пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски добија други задачи и исто ќе треба да го напуштат Собранието.
Ковачевски ќе стане директор на РЕК Битола, а Пендаровски Национален координатор во НАТО. На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.
Според владини извори, ќе има доста промени во составот на Владата и тоа не само во поглед на министри и пратеници, туку и членови на владината коалиција.