Владата на САД објави илјадници видеа од НЛО

Ако сте фан на гледање видеа со мистериозни светла на небото, ова се извонредно добри вести за вас. Владата на САД објави илјадници микро-филмови од можни средби со вонземјани, собрани за време на проектот наречен Blue Book. Од сега ќе бидат бесплатно достапни на Интернет.

Blue Book Project е всушност архива од 12.000 документирани наводни средби со вонземјани, собрани во периодот од 1984-та до 1970-та година. Се смета дека бил инициран како последица на паранојата што владеела за време на Студената војна.

Вработените во проектот Blue Book.
Вработените во проектот Blue Book.

Од сите архивирани случаи, „само“ нешто повеќе од 700 глетки остануваат нерешени т.е. 5.5% од случаите. Најџел Вотсон – автор на UFO Investigations Manual, вели дека до крајот на првата година од проектот „стигнале до заклучок дека пријавените глетки од НЛО индицираат дека биле видени вистински летала кои поседувале способности што ги надминуваат оние на било што направено од било која нација на Земјата“.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Снимките можете да ги најдете ТУКА и сами да одредите кое од тие летала е НЛО, а кое не. Којзнае, можеби ќе успеете и да решите некоја од преостанатите ~700 мистерии.

- Реклама -