Владата најостро демантира дека имало „ВИП вакцинација“ за Царовска, Груби, Маричиќ или други министри

„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри!“, реагираат од Владата, откако порталот „News1“ од Албанија објави текст кој се однесува на скандали со вакцинација преку ред од повеќе земји од Европа и светот, а во кој пишува и дека „постојат слични гласини за ВИП вакцинација и на Балканот“ и дека истите доаѓале од Северна Македонија, како земја во која „се шпекулира дека ВИП вакцинацијата е обезбедена преку министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот Артан Груби“, без понатамошни детали.

Покрај демантот, од Владата го повикуваат пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ – кој го сподели текстот на „News1“, како и порталите кои ја шират, како што велат од Владата, оваа тешка дезинформација, да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата.

- Реклама -