Владата одобри склучување на Спогодба со Албанија за бесплатен пристап до дел од пристаниште во Драч

Владата на денешната 108. седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете земји.

„Разгледан е и прифатен и усогласениот текст на Спогодбата. Се работи, според посоченото од страна на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, за реализација на усвоен заклучок на последната заедничка седница помеѓу владите на двете држави, според којшто, на Република Северна Македонија ѝ се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга“, информираат од Владата.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје

Од владината прес-служба посочуваат дека целта на соработката е подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари меѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Северна Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот.

- Реклама -