Владата прифати усогласен текст на Договор за воспоставување на два гранични премина со Косово

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е задолжен во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише договорот.

„Целта на склучувањето на овој договор е воспоставување заеднички гранични премини „Јажице – Глобочица“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила, влез и излез на товарни моторни возила, како и „Блаце – Елез Хан“ – за поедноставување и олеснување на движењето на лица, возила и стоки“, информира владината прес-служба. 

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје
- Реклама -