Владата на денешната седница донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН, претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а за член на Надзорниот одбор да го избере Бојан Николовски.
На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп, соопштија од владината прес служба.
Џеват Селами е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, се наведува во владиното известување.