Владата во боите на Израел: „Поддршка за Израел во овие тешки моменти“, испраќа Ковачевски

Знамето на Израел вечерва може да се види со светлосна проекција на зградата на Владата.

„Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук страницата во објавата со фотографија на израелското знаме на зградата на Владата.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери
- Реклама -