Владо Јаневски си замина од Македонија, поради Вера?

Деновиве почна да се зборува за тоа дека Владо Јаневски после концертот во Скопје наводно ги спакувал куферите и ја напуштил Македонија упатувајќи се кон Флорида во Америка.Како што се зборуваше, причините за тоа биле љубовни, па тој заминал кај неговата избраничка која живее на Флорида.

Сепак, списанието „Убавина и здравје“, потпирајќи се на сопствени извори, пишува дека воопшто не станува за нова, туку за неговата стара и единствена љубов, Вера Велевска, со која пејачот бил во десетгодишна врска, и приватна и професионална, и дека не заминал за Америка туку во Австралија, каде што Вера, која е негова девојка и менаџерка, замина пред неколку години, а сега, наводно,  ѝ се придружил и Владо.

Vlado1-450x672

- Реклама -