Влегол во реактор во Чернобил, и таму го дочекала сцена како од хорор филм (ВИДЕО)

Нил Ансел кој уште е познат по својот прекар „Напуштениот Истражувач“ (Abandoned Explorer), кој што се занимава со истражување на напуштени места, за свој последен проект тој одлучил да го посети Чернобил.

Додека ги посетил остатоците од нуклеарната централа, тој направил бројни видеа и фотографии, но открил и нешто многу вознемирувачко.

Меѓу другото, Нил влегол во една од кулите за вода кои што се користеле за ладење на раеакторите, тој влегол и во реакторот број пет, еден од реакторите кој никогаш не бил користен.

Едно од најстрашните работи што ги пронашол биле коски расфрлани на подот, вклучувајќи и маска за гас, што може да доведе до заклучок дека станува збор за човечки остатоци, но Нил тврди дека тоа се остатоци од животно.

„Не знам на кое животно би можеле да припаѓаат. Што и да беше, имаше огромни коски. Ова е навистина чудно место за да пронајдете куп коски “, рече тој.

Реакторот број пет во времето на експлозијата бил во тек на изградба, тој бил доворшен само 70 проценти, но по несреќата тој бил напуштен, а Нил во него пронашол и кран кој што бил во процес на распаѓање.

Го изненадил и фактот што пронашол и дрвја како растат околу реакторот, а најмногу присуството на кучиња скитници.

Инаку животните кои што биле најдени околу реакторот број четири кој што експлодирал, морале да будат уcмpтeни од причина да се пречи радијацијата.

 

 

- Реклама -