Влезниците за натпреварот Србија-САД на ЛОИ достигнаа цена од 1000 евра

Кошаркарското полуфинале меѓу репрезентациите на Србија и Соединетите Американски Држави е еден од најбараните настани на Олимпијадата во Париз.

На еден од сајтовите за препродажба на билети, кој бележи најголем број посетители, моменталната цена на најевтиниот билет за овој натпревар е 1000 евра, јавува репортерите од Париз.
Оние кои купиле билети порано, пред да бидат познати имињата на учесниците во полуфиналето, не планираат да ги продадат, а оние пак кои сакаат и да заработат, бараат висока цена.
За споредба, влезниците за мечот меѓу Србија и Австралија можеа да се најдат по цена од 250-300 евра, додека билетите за тениското финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, вечерта пред финалето, се продаваа за околу 400 евра.

Извор