ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски во ОН е како слон во продавница за порцелан

„Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД и доби црвено светло од Вашингтон. Заев наместо да ја сфати пораката, го предлага за амбасадор во ОН“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако собранискиот спикер Талат Џафери потврди дека Фрчкоски е предложен за амбасадор во оваа организација.

„Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам.

Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал.

Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус“, се вели во реакцијата.

„Фрчкоски е човек кој што со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да ставите слон во продавница за порцелан“, велат од опозицијата.

- Реклама -