ВМРО-ДПМНЕ го поздрави излегувањето на Демократски сојуз од владината коалиција

„Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз“, порачаа од најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на ДС – Павле Трајанов, соопшти дека неговата партија не ја поддржува реконструкцијата на Владата и нема веќе да биде дел од владејачкото мнозинство.

„Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката на ДС, според нив, е потврда дека „на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само ‘Пазар 3’ коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал“.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

„Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори. Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -