ВМРО-ДПМНЕ: Играњето оро, чочек и плех музиката ги однесе СДС во слеп тунел

Има ли светло на крај од тунелот на СДС, демолиран рејтинг и контрадикторни соопштенија.

СДС  се уште не може да се разбуди од кошмарот кој го доживеа на изборите па пишуваат небулозни соопштенија спротивни со здравиот разум.  Во постизборен шок секојдневно самите со комични соопштенија си пукаат во нозе.

СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира.

Наместо нонсенс соопштенија, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер.

Рејтингот на СДС е во слободен пад за што говорат и последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 5: 1  наспроти Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе проекти и реализација во првите 100 дена отколку СДС во 7 години.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

СДС нема право да зборува за инвестиции, бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел.

Во време на СДС кога милијарди народни пари беа во прашање СДС  дозволија надзор да им бидат фирми за производство на долна облека.

СДС нека се потсетат како нивниот министер за транспорт и врски Бочварски дозволи главниот коридор да им биде воден од Артан Груби, а надзор да им бидат фирми за производство на гаќи.

СДС во 7 години лопата не фрлија, затоа наместо политиканство и акробации да се реформираат бидејќи на државата и е потреба силна опозиција за просперитетна држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -