ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на когенеративната централа значително ќе го намали загадувањето на воздухот и ќе обезбеди здрава животна средина

Седум години СДС на власт системски ја уништуваше државата. Нема поле и област кои во нивно седумгодишно владеење направиле нешто корисно за општото добро на сите.

Така и по однос на проблемот со загадениот воздух со кој се соочува Македонија, а посебно главниот град Скопје. Загадувањето на воздухот не е проблем од вчера и за кој може да се изнајдат инстант решенија кои магично ќе го прочистат.

Тоа е комплексен проблем кој бара системски и долгорочен пристап, со конкретни мерки и проекти, и поголеми вложувања во животната средина со цел намалување на загадувањето.

Но, состојбата со загадениот воздух, посебно во Скопје, е таква каква што е затоа што СДС седум години на власт ништо не направија во овој поглед. Освен што на предизборните митинзи, после кои и ја преземаа власт, викајќи на цел глас „ајро, ајро, нема воздух“ ветуваа чист воздух за македонските граѓани, седум години на власт со прст не мрднаа.

За седумгодишното владеење, единствена мерка што СДС ја преземаше против загадениот воздух, е тоа што на македонските граѓани, особено на скопјани им делеше совети да не проветруваат и да не ги отвораат прозорците од домовите.

Прочитајте и:  Ново истражување покажува дека загадениот воздух може да предизвика аутизам

Решавањето на проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух бара системското делување и големи вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување.

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и тоа се гледа во практикувањето на власта, затоа ќе преземе големи системски мерки и ќе спроведе детален план кој ќе резултира со намалување на загаденоста на воздухот и здрава животна средина.

Главен столб во тој план е и стратешка инвестиција на гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, а во исто време ќе произведува електрична енергија која ќе се користи во стопанството. И за таа намена, Владата ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат и забрзаат изградбата на централата.

Не сме сите исти, тоа се гледа и во пристапот на решавањето на најгорливите проблеми, како што е и загадениот воздух. Промените веќе се случуваат и за период од околу еден и пол мандат власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе се почувствуваат резултатите со почиста животна средина и почист воздух.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -