ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов лидер на 22 и 23 декември

На вонреден партиски конгрес што ќе се одржи на 22 и 23 декември, ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нов лидер, откако беше прифатена оставката на Никола Груевски.

Конгресот ќе се одржи во Валандово, со учество на делегати од кои секој има право да поддржи една кандидатура.

Кандидатурите ќе се поднесуваат до 21 месецов до 15 часот, до архивата на партијата.

Оваа одлука беше донесена вчера, на Централен комитет, откако Груевски поднесе неотповиклива оставка од лидерската позиција, поради како што наведе, морални причини и преземање одговорност за изборниот пораз од локалните избори.

Низ партијата веќе се шпекулира со имиња на можни наследници, меѓу кои најспоменуван е генералниот секретар Христијан Мицковски, но и Никола Попоски, Антонијо Милошоски и Никола Тодоров.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите
- Реклама -